Еден од интересните факти (или easter egg, ако сакате) за Фејсбук низ годините беше тоа што не можеш да го блокираш газдата – Марк Закерберг.
Приметувате дека збориме во минато време?
Фејсбук, без некакво посебно соопштение и најава, одлучи да го укине таквиот третман кон човекот на самиот врв на Фејсбук (па и глобалната) хиерархија. Сега можете да го блокирате, ако баш сакате.
И не е дека нешто се премислиле. Како што објаснуваат од Фејсбук, проблемот со блокирањето не бил намерен, туку баш тоа – проблем, баг.
Се работело за грешка која настанува кога еден профил ќе добие преголем број блокади (што значи дека и Марк Закерберг добил).
Сега тој баг е поправен. Тоа го потврди и Мет Навара (CEO на The Next Web) на Твитер, а го потврдуваме и ние лично. Без гајле, за проба беше, после го одблокиравме.