Трет ден по ред во земјава се регистрирани повеќе од 400 нови случаи на дневна основа, откако во средата беа регистрирани 445, а вчера 535 новодијагностицирани за едно деноноќие.
По денешните 438, бројот на активни случаи на Ковид-19 се искачи на 4.837, од кои 2.290 се во главниот град. На ниво на општини, и понатаму на врвот е Аеродром, каде во моментов се активни 456 случаи. Во главниот град, ситуацијата изгледа вака:
• Чаир – 96
• Гази Баба – 221
• Аеродром – 456
• Карпош – 392
• Центар – 394
• Кисела Вода – 268
• Ѓорче Петров – 188
• Бутел – 87
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 35
• Сопиште – 19
• Чучер Сандево – 7
• Петровец –12
• Зелениково – 6
• Странец – 13
• Нераспределен- 59
Ситуацијата на ниво на државата, изгледа вака:
• Скопје 9349, активни 2290
• Куманово 1936, активни 193
• Дебар 302, активни 43
• Штип 1420, активни 151
• Прилеп 878, активни 198
• Тетово 1666, активни 249
• Струга 735, активни 69
• Велес 409, активни 80
• Битола 434, активни 127
• Охрид 496, активни 78
• Кавадарци 297, активни 67
• Гостивар 1011, активни 84
• Гевгелија 239, активни 118 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 33 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 535, активни 334
• Крива Паланка 168, активни 59
• Радовиш 159, активни 68
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 538, активни 192
• Пробиштип 134, активни 20
• Демир Хисар 64, активни 3
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 51, активни 7
• Берово 157, активни 42
• Валандово 72, активни 44
• Виница 145, активни 44
• Делчево 201, активни 106 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 28, активни 4
• Свети Николе 418, активни 61
• Кичево 387, активни 58
• Ресен 184, активни 21
• Неготино 78, активни 24 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Денеска повторно е забележан, по вчерашниот, рекорден број на пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19 во болниците низ земјава, со вкупно 470 хоспитализирани. Вчера имаше 461 хоспитализирани. За споредба, претходно највисоката бројка во болниците изнесуваше 428, и тоа на крајот од јули.
Чисто за потсетување, министерот Венко Филипче во неколку наврати истакна дека токму исполнетоста на болниците е најважниот параметар кој во периодов се следи и врз основа на кој ќе се препорачуваат мерки, односно рестрикции за спречување на ширењето на коронавирусот.
Во однос на болниците, во последните 24 часа на Инфективната клиника се примени 11 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 95. На кислородна поддршка се 65, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 46 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 229, позитивни и сомнителни на Ковид-19.