Една година по Втората светска војна, една жена од Полска родила близнаци во камп во Германија.
Нивниот живот бил тежок уште на самиот почеток.
Џорџ и Луцијан се родиле во многу тежок момент, а за нештата да бидат уште полоши, нивната мајка се разболела и не можела повеќе да води сметка за нив. Таа ги пратила децата во Полска каде ги посвоиле две различни семејства. Растеле без да знаат еден за друг.
Сепак, близнаците постојано говореле дека се чувствуваат некомплетно и дека голем дел од нив им недостасува. Така било текот на целиот нивни живот.
Кога наполнил 17 години, Џорџ дознал дека има брат близнак, но не успеал да го пронајде. Луцијан исто почнал да се сомнева и преку податоците за биолошката мајка, дознал дека има близнак. После некое време успеал да го пронајде Џорџ.
Тие биле раздвоени точно 68 години. Полската верзија на „Све за љубав“ во продолжение.