Откако Болт беше победен од Блејк во финалето на 100 метри, изјави дека бил деконцентриран од стартните блокови на другите тркачи. Денес му се случи уште еден пораз, овојпат на 200 метри.
Блејк ја заврши трката на 200 метри, од финалето на квалификациите за ОИ 2012, со време од 19.80, оставајќи го долгоногиот Болт зад себе, со заостанување од минимални 0,3 секунди, што во ваквите трки претставува цела вечност.
{youtube}lNm6ZUuQTvk{/youtube}
Постојаната добра форма на Јохан Блејк, кој во својата кариера има бројни одликувања во младинските категории, полека го промовира во најголема, ако не и единствена закана за неприкосновениот Усеин Болт во Лондон. Нивното новосоздадено ривалство може да ги направи игрите во Лондон уште толку поинтересни.