Бизнисменот Леброн Џејмс

Lebron-James-suit[1]

Пред 10 години, на 20-годишна возраст, Леброн Џејмс го напушта својот агент (кој му договори зделки вредни повеќе од 150 милиони долари), за да можат тој и уште тројца негови пријатели (кои патем, немаа никакво искуство), да управуваат со неговиот бизнис. Потегот беше критикуван и од кошаркарските фанови, и од сите останати, бидејќи луѓето ја сметаа одлуката за глупава и наивна. Но, Џејмс покажа дека секогаш размислувал долгорочно, за разлика од многу други.

Пред една седмица го објави договорот со Nike, според кој Леброн и компанијата се обврзани до крајот на животот. Ова е прв ваков договор во историјата на постоењето на Nike. Преговорите за зделката, која на Леброн ќе му донесе повеќе од 500 милиони долари, траеја неколку месеци, откако минатата година друга НБА ѕвезда – Кевин Дурант, потпиша 10-годишен договор со Nike вреден 300 милиони долари. Леброн Џејмс процени дека е во позиција да потпише уште поголем, рекорден и историски договор. Дека зделката е добра и за Nike, говори фактот што компанијата постигна рекорни продажби, акциите котираат одлично според индексот Dow Jones, а прогнозите за продажба во следните 10 години изгледаат извонредно перспективни.

lebron-james-nike-lebron-11-12[1]Сепак, Џејмс има и поголеми аспирации од договорот со Nike. Следејќи го примерот на својот идол Мајкл Џордан, тој сака еден ден да поседува некој од тимовите во НБА. Денес во НБА има вкупно 30 тимови, од кои најголемиот дел се во сопственост на милијардери. И повторно, неговите планови не се поврзани само со кошарката. Можеби ќе стане сопственик на NFL тим? Или пак ќе купи тим од Премиер лигата, каде што и денес е еден од акционерите (во Ливерпул)? А можеби ќе влезе во политиката или медиумската индустрија? Којзнае. Бизнис тимот на Леброн Џејмс веќе докажа дека не работи по утврдените параметри. Времето во кое неговиот интерес беше насочен кон тоа да стане заштитно лице на одреден производ и да склучува 8 и 9-цифрени договори помина. Сега Џејмс размислува за милијарди. Не само што сака да ги рекламира најдобрите брендови, туку сака и да поседува дел од нив. На пример, до неодамна беше заштитно лице на McDonald’s, но не го обнови договорот, само за да инвестира во Blaze Pizza – компанија која нуди можност клиентот сам да си ја направи пицата. За разлика од Џејмс Харден – ѕвездата на Adidas и Хјустон Рокетс, кој е заштитно лице на Taco Bell, Џејмс сака да има дел од сопственоста на познатиот ланец на фаст-фуд ресторани.

LJ2(1)[1]Неодамна, беше обелоденета уште една голема инвестиција на Џејмс – тој вложи 15.8 милиони долари во друштвената медиумска платформа Uninterrupted, која овозможува директна врска на навивачите со нивните идоли. Досега во шоуто учествуваа неколку големи спортски имиња, како Ронда Роуз, Кармело Ентони и др.

Нормално, некои од партнерствата на вродија со плод како што беше планирано, како она со Microsoft. Сепак, тоа не го обесхрабрува Џејмс да трага по нови можности и да создава нови концепти.

beatslebronКога во 2008-та, малку познатата компанија наречена Beats доаѓа кај Џејмс со барање за маркетинг совет, наместо дебел чек, Џејмс побара да добие дел од компанијата. На почеток, тој не снимаше реклами за Beats – наместо тоа, кошаркарот подаруваше по еден пар слушалки на своите соиграчи од кошаркарската репрезентација на САД, како и на своите пријатели меѓу спортистите што учествуваа на Олимписките игри. Фотографиите на кои американските кошаркарски ѕвезди и други олимпијци носеа Beats слушалки многу брзо го обиколија светот, а подоцна компанијата беше продадена на Apple за 3.2 милијарди долари. Се разбира, Џејмс доби добар дел од заслужените милиони.

beatsПонатаму, кошаркарот сé повеќе фрла поглед и кон Холивуд – неговата компанија SpringHill Entertainment има потпишани договори за емисии со Starz, Disney, Showtime, NBC и Warner Bros.

Плановите за догодина се исто така големи. Очекувањата се дека платите во НБА ќе се зголемат до степен што ќе ги допрат највисоките граници. Џејмс очигледно знаеше за ова уште во 2014 година, затоа оттогаш тој потпишува едногодишни договори, а не договори на 5, 6 или 7 години. Извесно е дека тоа ќе го направи следната година, или можеби во 2017-та.

А што ако играчите не успеат да договорат толку големи плати со сопствениците на НБА тимовите? Леброн нема оставено ништо на случајноста. Така, Крис Пол – еден од најдобрите пријатели на Леброн, е претседател на Унијата на играчите. Леброн пак, лично, е потпретседател. Во меѓувреме, двојката ги чува плановите на играчите во тајност, но она што може да се очекува е дека новиот договор на Леброн Џејмс ќе биде рекорден во лигата.

NBA: Heat v Bobcats Game 4

Сé на сé, зделките на Леброн, во и надвор од лигата, прилично цврсто му го поплочија патот да стане вториот милијардер во НБА. Првиот е, се разбира, Мајкл Џордан.

- Реклама -