Сите добро знаеме дека познатите личности ќе направат буквално се за да останат млади и убави. Но често знаат и да ја преминат границата. Некои од нив се мачкаат по своето лице со сопствената крв, други идат на третмани со тегли, некои ставаат птичји измет.. и сето тоа чини многу пари!
Терапија со тегли
Се работи за третман за детоксикација со која се подобрува протокот на крв. По третманот кожата подолго време останува отечена. Овој бизарен третман го примениле Џенифер Анистон, Гвинет Палтроу како и Викторија Бекам и Енди Мареј.
Третман со крв
Иако таа може да си ги дозволи најскапите препарати за нега на кожата, Ким Кардашијан пред две години објави фотографија од „вампирскиот“ третман, кој подразбира ставање на сопствената крв на лицето. Крвта претходно се става во специјален апарат кој ги вади тромбоцитите и потоа се нанесува на лицето. Овој третман чини 1.250 долари.
Третман со пијавици
Деми Мур тврди дека нејзината кожа е затегната благодарение на третманот со пијавици, но нагласува дека иде само кај проверени доктори. Имено, пијавиците спречуваат згуснување на крвта, ја подобруваат циркулацијата и го забрзуваат процесот на зараснување на раните.
Животниски измет
Овој третман го применува Викторија Бекам, која користи измет на редок вид на птица од јапонскиот остров Ќуш. Овие птици се хранат со посебни семки, а козметичарите на посебен начин го обработуваат низвиот измет, пред да го стават на нечие лице. Стручнаците тврдат дека го успоруваат процесот на стареење.
Крема со екстракт од полжави
Кејти Холмс тврди дека нејзината кожа е сјајна поради кремите со екстракт од полжав. Овој третман се користи за лечење на акни, но исто така е добра и за пигментација на кожата.
Третман со овча плацента
Хари Стајлс, младиот пејач од групата One Direction, вели дека неговата кожа е нежна и сјајна поради третманот со овча плацента, кој чини 680 долари.
Третман со кавијар
Иако Анџелина Џоли не јаде кавијар, таа сепак го користи за нега на кожата. Во текот на бременоста таа го негуваше своето тело со кавијар, а стручнаците велат дека на тој начин се обновува кожата, се зголемува нивото на колаген и го успорува процесот на стареење.