На 26 ноември во Скопје, ќе се одржи првиот Biz Triple Talks форум кој цели кон поттикнување на свесност и креирање на конструктивен и интерактивен дијалог за работи поврзани со економскиот и социјалниот развој во општеството.
Тематски насочен кон бизнисот, иновациите и претприемништвото, форумот обединува 3 панела кои заслужуваат зголемено внимание и третман во македонското општество, а се потенцијални генератори на развој:
* Социјално претприемништво и општествена одговорност
* Женско претприемништво
* Интер- приемништво и иновации.
На панелите свое обраќање ќе имаат реномирани говорници од бизнисот, владиниот и невладиниот сектор и академијата.
Покрај панел дискусиите организаторите за посетителите подготвуваат и модна ревија на дизајнерката Олгица Ѓоргиева, менторски средби со панелистите, модна работилница во организација на порталот Stylist.mk, како и коктел забава.
Biz Triple Talks е во организација на ПР и маркетинг агенција Honeybiz и консултантската компанија Triple S Group.
Настанот ќе се одржи во спортскиот центар Форца, а учеството во форумот е слободно за сите посетители.
Повеќе информации на:
https://www.facebook.com/pages/Biz-Triple-Talks/836387743113497