Тепачка помеѓу фановите на Рома и Лацио низ улиците на Рим, како увертира за натпреварот на Олимпико.
Gazzetta dello Sport објавува дека вкупно осум фанови биле повредени а повеќе се уапсени од италијанската полиција во нередите кои се случувале пред почетокот на римското дерби.
Тепачката ја започнале фанови на Лацио кои ги нападнале навивачите на Рома кај мостот Милвиан во Северен Рим.
Имало судири и со полицијата, а нападнато било и амбулатно возило.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.