Битиќи за исвиркувањето на македонскиот јазик: Сѐ уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите

Живееме во општество на голема недоверба, општество во кое меѓусебно не се почитуваме и сѐ уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностите, оцени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

„Исвиркувањето на македонскиот јазик го доживеав многу тешко. Тоа ни покажува во какво општество живееме, во општество на голема недоверба, во кое не се почитуваме и сѐ уште не сме дораснати да ги прифаќаме различностие. Јас сум еден од тие и ќе останам да се борам за концептот на ‘Едно општество’ “, рече вицепремиерот во гостувањето на ТВ „Канал 5“.

Прочитајте и:  Битиќи: Политичката цена од унгарскиот заем може да е поштетна и поголема
- Реклама -