Битиќи: Ако е потребно поради последните рестрикции, ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

„Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри“, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка, ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени“, рече Битиќи во одговор на прашање дали Владата размислува за некоја нова мерка за поддршка на угостителите и граѓаните заради неодамна донесените рестриктивни мерки.

Посочи дека воведените рестриктивни мерки се привремени.

„Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно“, потенцира Битиќи.

МИА

- Реклама -