Овој огромен бисер се очекува и официјално да биде прогласен за најголемиот бисер некогаш најден во светот – тежок е 34.92 килограми и 5 пати поголем од досегашниот најголем. Широк е 30.4, а долг 67 сантиметри, со што убедливо го надминува моменталниот рекордер „Бисерот на Алах“, кој тежи нешто повеќе од 6.35 килограми и вреди околу 35.1 милиони долари.
Бисерот го предаде еден обичен рибар. Го нашол пред 10 години, во морето близу брегот на островот Палаван, на Филипините. Тогаш не знаел дека вредноста на „каменот“ може да достигне и до 100.2 милиони долари (да, 100.2 милиони долари!), па го чувал под креветот како амајлија за добра среќа. Но, нешто порано годинава, во ситуација што изгледала како сé освен добра среќа, неговата дрвена куќа ја зафатил пожар. Рибарот бил приморан да расчисти и да се исели, при што го предал бисерот на стаписаната (од глетката) локална офицерка за туризам во Порто Принцеска – Ајлин Синтија Амурао.
Како што потврдува и Амурао, рибарот го нашол бисерот во џиновска школка, кога „му се заглавила фрлената котва за време на една бура“. Рибарот отпливал до дното за да ја одглави, повлекувајќи го сидрото заедно со школката во која било заглавено.
„Бевме воодушевени кога ни го донесе. Сега чекаме потврда од Гемолошкиот институт и другите интернационални авторитети… Но веруваме дека Порто Принцеска ќе заработи престижна титула и ќе биде рекордерот што го поседува најголемиот природен џиновски бисер од џиновска школка во светот“.
Напоменавме и погоре: моменталниот рекордер е „Бисерот на Алах“, познат и како „Бисерот на Лао Це“. Најден е во 1934 година на Филипините, близу Палаван. Чекај, пак Палаван? Хмм…