Бионичко око го враќа изгубениот вид

Повеќе... Компанијата Second Sight разви бионичко око со име Аргус II кое користи имплантирани електроди за да ја замени ретината која не функционира. Досега, оваа неверојатна направа која го враќа видот е имплантирана кај 18 пациенти околу светот.


150argus.pngКомпанијата Second Sight разви бионичко око со име Аргус II кое
користи имплантирани електроди за да ја замени ретината која не
функционира. Досега, оваа неверојатна направа која го враќа видот е
имплантирана кај 18 пациенти околу светот.

Оваа направа функционира така што користи камера и видео процесор вграден во очила за сонце кој ги испраќа сликите бежично до малиот ресивер надвор од окото. Ресиверот, пак, ги пренесува добиените информации преку микро кабел до склоп од електроди кои се наоѓаат во ретината – слој од специјализирани ќелии кои реагираат на светлината во заднината на окото.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Кога овие електроди се стимулирани тие ги испраќаат пораките преку оптичкиот нерв во мозокот, кој може да ги прима светлината и темните точки што реагираат во однос на тоа која од електродите е стимулирана. Научниците се надеваат дека пациентите ќе научат да ги интерперетираат визуелните шеми кои се трансформираат во препознатливи слики.

Бибиси ја пренесува приказната за 73 – годишниот пациент Рон кому му беше вграден Аргус II:
„30 години не можев да гледам апсолутно ништо, сè ми беше црно, но сега конечно здогледав светлина. Да можам да ја гледам светлината повторно е прекрасно чувство. Сега можам да ги сортирам белите, сивите и црните чорапи.“
[Bionic eye gives blind man sight]

- Реклама -