Биологијата на љубовта

Повеќе... Група на истражувачи ги проучуваат биолошките основи на романтичната љубов. Без разлика за тоа колку зборуваме за љубовта од срце (или од некои други органи), овие истражувачи открија дека всушност се е во главата.


2895052724_b4ae157d53_m.jpgГрупа на истражувачи ги проучуваат биолошките основи на романтичната љубов. Без разлика за тоа колку зборуваме за љубовта од срце (или од некои други органи), овие истражувачи открија дека всушност се е во главата.

Кај луѓето, постојат четири мали делчиња во мозокот кои некои истражувачи велат дека го формираат кругот на љубовта. Др. Bianca  Acevedo е дел од тимот кој ги нарече овие региони со неромантични имиња како вентрал тегментална област (VTA), нуклеус акумбенс, вентрал палидум и рапхе нуклеус.

Главната точка во случајов е VTA кое е во форма на солза. Кога свежо вљубените биле испитани преку функционална магнетна резонанца додека гледале слики од своите сакани, овој VTA регион се осветлил. Тоа се случило и кај испитаниците кои и по 20 години се лудо вљубени.

VTA регионот е клучен наградувачки систем во мозокот: „Тоа се ќелиите што го создаваат допаминот и го испраќаат до различни региони во мозокот“ – според истражувачката Хелен Фишер – „Овој дел од системот се активира бидејќи се трудите да ја добиете најголемата животна награда – партнер за репродукција.“

Љубовта е дрога

Друго откритие на ова истражување покажало дека љубовта предизвикува такви реакции во мозокот како и зависноста од дрога. „Романтичната љубов е зависност; прекрасна зависност кога се се одвива како што треба, ужасна кога ни оди лошо“ -според Фишер. Кај оние испитаници со скршено срце се покажала активност слична на кокаинска криза кај зависниците.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Научниците ги прават овие испитувања за да разберат како работи нашиот мозок, но и заради попрактични цели. И покрај етичките дилеми што тоа го предизвикува целта им е во иднина да развијат формула врз основа на хормони со кои би произвеле пилули како лек за скршени срца и нефункционални врски. [The science of romance: Brains have a love circuit]

- Реклама -