И Џон Банвард и Џери Надоу се воени ветерани. Џон има 100 години и се борел во Втората светска војна. Џери има 72 години и служел во Виетнам.
Се сретнале пред 25 години и се заљубиле. Неодамна се венчале во дом за ветерани каде за ручек се служи хот-дог. И двајцата се во пензија и живеат заедно во домот (заедно се вселиле), каде, велат, наишле на поддршка од останатите жители.
На почетокот Банвард (100-годишниот) се плашел од реакцијата на луѓето, ама испаднало дека немал причина. „Очекував да бидеме исмевани, ама наидовме на многу малку од тоа“.
Кога се сретнале во ’93-та, и двајцата уште биле „во плакарот“. Жена му на Џон, со која бил во брак над 35 години, починала 10 години претходно, а тој никогаш досега не бил во сериозна врска со маж.
Исто и Џери. На почетокот изгледале ко од различни светови. Џон бил по уметност и театар, Џери бил по планини и риболов. Ама ете, им тргнало и сега се во брак.
Во видеово, Џери го прашува сопругот (?): „Џон, кога се запознавме имаше 75 години. Што ќе правеше ако никогаш не се сретневме?“. Џон одговара: „Ќе продолжев да живеам осамено…“.
И сега? Што имате вие да им порачате околу нивниот живот?