Бил Гејтс планира револуција на тоалети

Ова не се типични тоалети. Еден од нив користи микробранова енергија за трансформирање на биолошки отпад во електрицитет.

Друг тоалет го претвара отпадот во јаглен. Тие се дел од натпреварување организирано од Bill & Melinda Gates Foundation за измислување на нов тоалет за 2,5 милијарди луѓе од целиот свет кој немаат пристап до модерни санитарии.

Научници од целиот свет го прифатиле предизвикот и фондацијата во вторникот најави неколку проекти кои ќе добијат дополнителни финансии за реализирање на идеите. Идејата е овие тоалети да бидат искористени во посиромашните земји во светот каде што би помогнале со справување со лошите санитарни услови и дури би создавале и финансиски приход.

„Не можевме да бидеме посреќни со одговорот кој го добивме“ изјавил Бил Гејтс. Условите кои фондацијата ги поставиле биле тоалетот да работи без довод на вода, електрицитет или септички систем, да не го исфрла отпадот во животната средина и ако е можно да ја искористува енергијата и другите ресурси со дневни оперативни трошоци од 5 центи дневно.

Прочитајте и:  Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

Обединетите Нации проценуваат дека половина од хоспитализавиите во земјите во развој се резултат на болести предизвикани од лоши санитарни услови – околу 1,5 милиони деца умираат секоја годинаод овие причини.

Научниците веруваат дека поголем дел од овие смртни случаи би можеле да бидат спречени со соодветна санитација, чиста вода за пиење и генерално подобра хигиена. Фондацијата очекува да ги тестира првите прототипи во текот на следните три години. [Sure, we can build a better toilet, but will people use it?]

- Реклама -