Најдобриот светски шахист, Магнус Карлсен го порази Бил Гејтс во само 9 потези. 23-годишниот шахист кого го нарекуваат „Џастин Бибер на шахот“, станал шаховски велемајстор уште на 13 години, па веројатно затоа Гејтс изјави дека исходот е познат уште пред натпреварот. Сепак, дури и тој самиот беше изненаден кога Карлсен го матираше за само 79 секунди. „Вау, тоа беше брзо“, беше реакцијата на Гејтс, кој додаде дека единствена ситуација во која се чувствува интелектуално недораснат е кога игра шах со шампионот.
Има нешто слатко во тоа да го видите Гејтс ранлив, нели?