Бигорексија: Вечно незадоволство од мускулите

bigoreksija-nedostizna-potraga-za-savrsenim-muskim-telom-body-image-1467723960[1]

Повеќето мислат дека заболувањата како што е анорексијата се исклучиво женски проблеми, иако таа е присутна и кај мажите. Но, она што е поинтересно, според новите истражувања направени од универзитетот во Сиднеј, кај мажите постојат и други начини на изразување на незадоволство од својот изглед.

Додека жените умеат да бидат опсесивни кога е во прашање губењето на килажата, мажите ги интересира билдањето. Како што се наведува во извештајот, мускулната дисморфија – позната и како бигорексија – доведува до вечно незадоволство од мускулната маса, иако луѓето со овие проблеми секојдневно одат во теретана. Извештајот исто така покажува дека овие мажи често патат и од проблеми со менталното здравје, пред сé – депресија.

Д-р Скот Грифитс, еден од авторите на студијата, објасни дека пореметувањата во врска со изгледот на телото се сé почести во машките социјални структури, „Потекнуваме од културолошка рамка која има повеќедецениска предрасуда дека мажите мораат да бидат силни и издржливи. Особено кога се работи за менталното здравје и физичкиот изглед. Мажите ги задржуваат проблемите во себе бидејќи и најблиските пријатели им се мажи и од таа причина често не зборуваат за тоа како се чувствуваат“.

Д-р Грифитс зборува и за улогата која бодибилдингот може да ја има во развојот на пореметувањата поврзани со физичкиот изглед, и дека постои третман за проблемите поврзани со килажата, но не и за проблемите поврзани со мускулната маса. „Рекреативниот бодибилдинг е во пораст. Тоа е симптом дека мажите и жените подлегнуваат на друштвената норма дека изгледот е најважен. Овие нешта се пренагласени и сега не можеме да ги игнорираме. Нешто што ни беше важно, сега се претвора во опсесија“.

Истражувањето зборува и за врската меѓу луѓето кои користат стероиди и оние кои развиваат мускулна дисморфија. „Употребата на анаболични стероиди, кои се тесно поврзани со незадоволството од сопственото тело, како и пореметувањата во исхраната и мускулната дисморфија, се во пораст“.

Многу од проблемите настануваат заради превисоките очекувања од надворешниот изглед – и кај мажите, и кај жените – кои потекнуваат од рекламите и сличните медии. Луѓето се изложени на нереални претстави за убавината на дневна база, а тоа наголемо влијае на нивната свест околу сопствените недостатоци.

Д-р Грифитс верува дека првиот чекор во борбата со пореметувањата од типот на мускулната дисморфија, е елиминирање на културолошките стигми.

„Не сме научени да не ги стигматизираме момците. Се обидуваме да го најдеме правиот пат и успешно да ја третираме мускулната дисморфија. Кога би имале повеќе информации, тогаш би можеле да создадеме превентивни програми за мажи и жени“.

- Реклама -