Бидете внимателни: Знаци дека некој ви го прислушува телефонот

Постојат безброј начини да се прислушуваат мобилните телефони, а повеќето не се ниту свесни за сигналите кои укажуваат на ова. Наредниот пат кога ќе зборувате со некого по телефон, обнете внимание на тоа дали освен гласот на соговорникот, ќе забележите и некои сомнителни шумови или звуци.

1. Батеријата пребрзо ви се троши

Програмите за прислушкување најчесто ја трошат пребрзо батеријата на телефонот, па дури и тогаш кога не го користите воопшто.

2. Бавно гасење на телефонот

Доколку на вашиот телефон му е потребно многу подолго време да се изгасне од вообичаеното, постои можност некој да ве прислушкува. Причина за ова е фактот што на апликациите за прислушување им е потребно подолго време за да се изгасат.

Telefon-Prisluskivanje

3. Чудни звуци

Шумот или необичните звуци и зуења на телефоните можат да бидат показател дека некој ве прислушува. Со оглед на денешната напредна технологија, пречките во разговорот се вистинска реткост, па токму затоа треба да размислите дали постои некој кој би можел/сакал да дознае за што разговарате со останатите.

4. Дисторзија на гласот

Доколку ја забележите појавата позната и под називот „роботски“ глас, постои можност некој да го снима или слуша вашиот разговор.

5. Додека не го користите телефонот

Посебно внимание морате да обратите доколку забележите дека телефонот се „однесува чудно“ или „непослушно“, бидејќи ова може да биде сигнал дека на него има инсталирано програм за прислушкување. Мошне е лесно да се внесат ваквите програми на нечиј телефон со помош на e-mail или префрлувајќи документ преку Bluetooth.

Сепак, пред да кренете паника размислете реално за тоа дали некој би имал некаква корист од тоа да ги прислушкува токму вашите разговори. Ретко кој би се осмелил на ваков нечесен чекор, па доколку мислите дека во вашиот живот постои човек кој би се осудил на нешто вакво, размислете подобро за вашето пријателство.

- Реклама -