Ако „фудбалот се врати дома“, тогаш по вечерашниве случувања следува дека дома му е Хрватска.
Англија стартуваше фантастично со прекрасен гол од слободен удар на Киран Трипиер по само пет минутри игра на „Лужники“. Хрватска не делуваше добро во првото полувреме, но затоа пак се разбуди откако Иван Перишиќ ја погоди мрежата на Џордан Пикфорд во 68-та минута.
Тикетот за финале Хрватите го обезбедија дури во второто продолжение, откако со голот на Манџукиќ поведоа со 2-1 и ја обезбедија победата.
Англичаните немаа сили да вратат, па сега наместо авионите на Кралската авијација уште еднаш да летаат со формација „се враќа дома“, Англичаните ќе летаат со авион дома од Русија.