Би го држеле ли за рака? (видео)

Што би направиле ако ви пријде непозната личност и се обиде да се држи за вашата рака? Неколку шегаџии решиле да се обидат и да дознаат, по што резултатот го поставиле на YouTube.

„Денес ќе им се приближуваме на луѓето и ќе ги држиме за рака – поточно ќе се обидеме да ги држиме за рака“ вели Ендру Хејлс од Losing All Hope Was Freedom. Тој изгледа како нормален човек – куса руса коса, шорцеви, темна блуза и очила со црни рамки. Кога луѓето ќе забележат дека тој им ја фаќа раката изгледаат како да не знаат како да реагираат.

{youtube}W27pfiRg5WQ{/youtube}

Над 2 милиони луѓе го гледале ова чудно и смешно видео на YouTube. Повеќето луѓе во видеото реагираат исплашено, неколку изгледаат како идејата да им е одбивна но други пак се смеат и го пречекуваат пријателски. Никој не го удира – поточно, ако некој го удрил тој дел не е во видеото.

- Реклама -