Папата Францис во Рим ја отвори првата бесплатна пералница во која сиромашните ќе можат да си ја исперат, исушат и испеглаат облеката.
Наречена е „Папина пералница за облека“ (многу некреативно, знаеме), а се наоѓа во стар болнички комплекс на западниот брег на реката Тибар, јужно од Ватикан.
Моментално е опремена со шест машини за перење и сушење алиштаа, донирани од Whirlpool. Донирани се и пегли, детергенти и други потребни производи, дел од Procter and Gamble, кои веќе се инволвирани во план да донираат бесплатни бричови и пена за бричење за „берберите за сиромашните“ во центарот во близина на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Целта е „да им се врати достоинството“ на луѓето кои не можат да си ги дозволат и да платат за ваквите услуги.
Ова не е единствената усилба на Ватикан да им помогне на бездомниците. Во Јануари, Ватикан им подели вреќи за спиење, а по улиците беа оставени и официјални возила со отклучени врати, за да можат бездомниците да влезат и да се згреат.
Две години порано, во 2015-та, Ватикан отвори хостел, тушеви, тоалети и берберница за бездомниците во Рим.
Што се однесува до пералницата, во блиска иднина е планирано да се додадат исти такви услуги и во овој простор: можност за туширање, бричење и медицински услуги.