Бездомник со последните пари уплатил лото и станал милионер

 

Ласло Андрашчек, 55 годишен бездомник, ја донел најдобарата одлука во животот кога решил да уплати лото со последните пари.Имено, Ласло пред да замине во Будимпешта, со цел да се лекува од алкохолизам, за железничката станица одлучил да купи лото ливче со последните пари.

Со тоа ливче Ласло стана најголемиот добитник на лотаријата во Унгарија, заработувајќи дури два милиони евра.

Тој за медиумите раскажува дека најпрво им јавил на жената и на децата да им ја соопшти веста, а потоа ги исплатил сите долгови и си купил автомобил.

Бидејќи има три деца, на сите им купил по еден стан.

Интересно е и тоа што до неодамна се чуваше во тајност кој е добитникот, а медиумите низ сиот свет ги „купи“ веста дека на почетокот на овој месец беше уплатена поголема донација на хостелот за бездомници.

Бидејќи пред 5 години имал проблем со алкохолот, сега планира да отвори фондација за помош на зависниците и жени кои се жртви на насилство во семејството.

- Реклама -