Бешикташ е пишман, сака да им го врати Кариус на Ливерпул

И управата на турскиот клуб Бешикташ, кој летово го донесе Германецот на позајмица на две години, по сé изгледа крева раце од голманот Кариус. Од клубот не се задоволни од неговите изданија, и подготвени се да се откажат од него уште во јануари.

Лорис Кариус минатата сезона во дресот на Ливерпул имаше низа големи грешки, но сите тие останаа во сенка на двете во финалето на Лигата на шампионите, кога практично му подари два гола на Реал Мадрид за конечниот пораз на Ливерпул од 3:1.

Со грешките продолжи и во пријателските средби минатото лето, па Ливерпул радо прифати да го позајми во Бешикташ. Беше тоа драма исполнета со емоции, дури на граница на шпанска серија; Фановите на Ливерпул покажаа извонредна солидарност и не го оставија Кариус да оди сам (со исклучок на тие што му праќаа смртни закани), а Кариус беше воодушевен од нивната поддршка и во неколку наврати емотивно им се заблагодаруваше.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Ќе видиме со какви емоции ќе биде дочекано неговото враќање во Ливерпул, ако се оствари желбата на Бешикташ да го врати Кариус, а на негово место да го доведе напаѓачот Дивок Ориги под слични услови, кој сезонава во дресот на „црвените“ сé уште нема одиграно ни минута.

Во моментов Бешикташ плаќа половина од платата на Кариус, додека другата половина ја плаќа Ливерпул. На дебито во септември против Бурса, Кариус направи голема грешка и лошо процени центаршут, а слична грешка направи и против Малме во Лигата на Европа. Својата мрежа успеа да ја сочува недопрена само во еден од 10-те настапи за Бешикташ.

Бешикташ во моментов е на 4-тото место во турското првенство, заостанувајќи 3 бода зад водечкиот Истанбул.

- Реклама -