Берлускони го сака Кака назад во Милан

Според пишувањата на Corriere dello Sport, сопственикот на Милан, Силвио Берлускони побарал Кака да се врати на Сан Сиро ова лето.

Во неделата, Силвио Берлускони се сретна со тренерот Масимо Алегри и беше постигнат договор стратегот да остане на кормилото на ’Росоњерите’ и следната сезона.

Се говори дека на состанокот, Берлускони побарал Милан во иднина да игра во формација 4-3-1-2.

Екс-премиерот на Италија исто така му дал задолжение на потпретседателот, Адриано Галијани да го врати Кака на Сан Сиро.

Берлускони сака Кака да ја добие популарната улога ’треквартиста’ и да биде офанзивниот фудбалер од средниот ред зад двајцата напаѓачи.

По трансферот на Сантијаго Бернабеу во 2009, Кака често се поврзуваше со враќање на Сан Сиро, но финансиите секогаш се покажуваа како голема пречка.

Останува да се види дали Реал Мадрид и Милан сега ќе можат да пронајдат заеднички јазик.

Исто така се говори дека Кака би можел да остане во Мадрид доколку на кормилото на Реал седне неговиот поранешен ментор Карло Анчелоти.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -