Американската компанија Delphi создаде бензински мотор со внатрешно согорување кој е поштедлив и еколошки поприфатлив од модерните дизел мотори.
Дизел моторите отсекогаш биле поштедливи од бензинските, но истовремено прилично поскапи при купувањето на автомобили со овие мотори. Во овој случај, би било идеално кога би можеле да имаме евтин, но истовремено и економичен мотор.
Токму тоа им успеа на Delphi. Американците употребија дизел технологија на согорување на смесата, наместо бензинска. Нешто слично понудија и Mercedes со технологијата DiesOtto.Во основа, денешните бензинци смесата од воздух и бензин ја палат со свеќички, а дизел моторите користат компресија.
До неодамна, беше тешко да се контролира согорувањето на бензинот со дизел технологија, но благодарение на напредокот во областа на вентилот за варибијален развод и технологијата на вбризгување и испуштање, Delphi успеаја да конструираат едноцилиндричен прототип кој беспрекорно работи под сите видови оптоварување и троши 50% помалку гориво од денешните модерни бензинци.
Објавено во соработка со Емитер.