Bentley подготвува нова ѕверка

Bentley планира да лансира набилдана верзија на обновениот купе Continental GT, која по традиција ќе го носи името Supersports. Новината ќе располага со 6.0 литарски W12 мотор, а во однос на базниот модел зголемена му е моќноста за 30 „коњи“.

Речиси сите каросериски панели ќе бидат изработени од јаглеродни легури, а потпирањето ќе се карактеризира со поголема цврстина и со подобрена стабилност. Се очекува конструкторите на Bentley да се откажат од задни седишта поради намалување на тежината на возилото и новиот Supersports да располага дамо со две места. Менувачот ќе претрпи сериозна модернизација, а целта е да се намали времето за менување на брзини. Сопирачките исто така ќе се помоќни. Верзија Supersports ќе се најде меѓу варијантата Speed, која располага со моќ од 625 коњски сили и верзија Continental GT3, која генерира 685 KS.

792_Continental-GT-470-1

Новото Bentley Continental GT Supersports ќе се појави во дилерската мрежа на брендот во 2014, скоро една година порано од веќе споменатиот Continental GT3. Сегашниот Bentley Continental GT Supersports се појави во 2009 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -