Бендевска: Провокација од бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ за денот на ослободувањето на Битола

Избришан од Централен регистер на Македонија, бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ со седиште во Битола приреди провокација во пресрет на денот на ослободувањето на градот и токму затоа доставив поднесок до Основното јавно обвинителство, изјави за МИА, Весна Бендевска, потпретседател на македонското Собрание.

Според Бендевска, провокациите на непостоечкиот, а сепак според информации во јавноста активен бугарски клуб „Ванчо Михајлов“, се насочени против националните чувства на македонскиот народ.

– Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Доколку има индиции, веднаш ќе поднесам кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на поранешното здружение што е избришано од регистарот, изјави Бендевска.

Прочитајте и:  „Војдан Чернодрински“ се подготвува за нова театарска револуција под слоганот „Смеј се и осмели се“

Според Бендевска, провокацијата на непостоечкото здружение е поврзана со тврдењата искажани на настан во клубот „Ванчо Михајлов“ а пренесени во јавноста, во кои се посочува дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник, а „Македонска крвава свадба“ дека е дел од бугарското културно наследство.

Во очекување на реакција од Основното јавно обвинителство Битола, потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска собира и дополнителна документација со цел доследно почитување на одлуката на Централен регистер.

- Реклама -