Бен Афлек виден со 16 години помлада жена по разделбата со Џеј Ло

Бен Афлек е доказ дека на некои луѓе не им треба многу за да се обидат да продолжат во љубовта по раскинувањето или тешкиот развод. Не само што неговата разделба со Џенифер Лопез е сè уште жешка по втор пат, а протекоа информации за тоа кој ќе биде во „полоша“ состојба кога ќе се потпишат конечните документи за поделба на имотот, туку Бен успеа да направи неколку чекори за помалку од две недели, а кои излегуваат на насловните страници. Откако документите за развод се појавија во јавноста, Бен реши да помине време со поранешната сопруга Џенифер Гарнер и децата, а тоа само ги зголеми сомнежите дека сепак посакува нова шанса со Гарнер. Имено, додека Џенифер Лопез се уште достојно минува низ разводот, нејзиниот поранешен партнер во целата сага внесува нова личност и нови шпекулации. Која е 16 години помладата жена со која Бен го заборава разводот? Бен Афлек е виден со внуката на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, поточно со ќерката на Џон Кенеди помладиот. Кејтлин Александра Кенеди, позната како Кик, е 16 години помлада од Бен, а според близок извор, „Page Six“ тие поминале извесно време заедно и постои сомневање дека Бен го преболува разводот токму со неа.
Извор