Белорусите се соблекоа на совет на претседателот

naslovna[1]

Претседателот на Белорусија – Александар Лукашенко, говореше за значајноста на технологијата за националната економија, при што порача граѓаните да се „соблечат и да работат сé додека потта не почне да тече“.

Чесните белоруски граѓани, кои го почитуваат зборот на претседателот, одлучија да го послушаат, а како доказ за својата послушност почнаа да објавуваат свои голи фотографии од работните места.

На друштвените мрежи, под хаштагот #раздеватьсяиработать (што во превод значи „соблечи се на работа“) ќе налетате на илјадници лојални граѓани на Белорусија. На движењето му се приклучија и занаетчии, и уметници, а дел од нив сметаат дека и самиот Лукашенко треба да си го послуша советот.

Прочитајте и:  Лукашенко: Американското нуклеарно оружје да се отстрани од евроазиската територија

13 22 32

- Реклама -