Во Белгија официјално беше претставен проектот за суперспортски автомобил од карбон. Тој ќе го носи името VDS GT 001 и ќе има патна модификација со индекс R. Автомобилот е изработен од локалниот натпреварувач Рафаел ван дер Стратен, кој во текот на неколку години учествува во првенството FIA GT3 со Ford Mustang FR500.
Новиот модел е изграден врз основа на друг белгиски суперспортски автомобил – Gillet Vertigo, кој беше направен во 2010 година од поранешниот автомобилски пилот Тони Жиле. Од својот „донатор“ VDS се разликува според должината, која е за 15 сантиметри поголема и се разбира во различниот дизајнерски пристап.
Кабината и голем дел од конструкцијата на спортскиот автомобил се направени од карбон. Така вкупната тежина на возилото изнесува околу еден тон.
Во VDS GT 001 се вградува 4,8 литарски осумцилиндерски мотор од Maserati, со моќност од 480 КС, кој е во спрега со 6-степен секвенциален менувач.
Други технички карактеристики не се откриваат. Она што се знае е дека суперспортскиот автомобил ќе биде направен во лимитирана серија од само 22 примероци.
Објавено во соработка со Авто Плус.