Белгија со најдобрите против Македонија

Селекторот на Белгија, Марк Вилмотс го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за квалификациските натпревари против Македонија.

Вилмотс ќе може да смета на најсилниот состав за натпреварите против Македонија, дрим тимот на Белгија доаѓа во Скопје.

Импресивно изгледа составот на Белгија, Компани, Вермален, Вертонген, Фелаини, Витсел, Азар, Лукаку се дел од ѕвездите кои ќе истрчаат на Филип Втори Арената.

Селекторот Марк Вилмотс не ја потценува Македонија, вели дека максимално подготвени ќе влезат во дуелите со нашата репрезентација.

„Пред нас се два тешки натпревари против Македонија, која не смееме да ја потцениме” – изјави Вилмотс.

„Во Скопје ќе не чека жешка атмосфера бидејќи Македонија направи серија од добри резултати во изминатиот период”.

„Ќе се подготвиме добро за овие дуели и верувам дека ќе продолжиме со добрите игри во овие квалификации”.

Голмани:

Тибо Куртоа (Атлетико Мадрид)
Жан-Франсоа Жиле (Торино)
Симон Мињоле (Сандерленд)

Одбрана:

Тобу Алдервирелд (Ајакс)
Лорен Циман (Стандард)
Гилум Жиле (Андерлехт)
Винсент Компани (Манчестер Сити)
Николас Ломбартс (Зенит)
Себастиен Покоњоли (Хановер)
Даниел Ван Бујтен (Баерн Минхен)
Томас Вермален (Арсенал)
Јан Вертонген (Тотенхем)

Среден ред:

Несер Чадли (Твенте)
Стевен Дефур (Порто)
Муса Дембеле (Тотенхем)
Марун Фелаини (Евертон)
Тими Симонс (Нирнберг)
Аксел Витсел (Зенит)

Напад:

Кристиан Бентеке (Астон Вила)
Кевин Де Бруин (Вердер Бремен)
Еден Азар (Челзи)
Ромелу Лукаку (ВБА)
Дриес Мартенс (ПСВ)
Кевин Миралас (Евертон)
Јеле Восен (Генк)

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -