Беќир Асани нападнал полицајка кај Бит Пазар

Забележела непрописно паркиран џип и повикала пајак служба. Полицајката не знаела чиво е скапото возило марка „Ланд ровер“, за кое изработила поднесок да се подигне и казни прекршочно сопственикот. Во истиот момент на неа нагрнал партискиот функционер на ДУИ од Чаир, Беќир Асани. Ја навредувал и напаѓал, се до моментот додека на помош не дошле уште полицајци, потврдуваат од МВР.

„Околу 10 часот на крстосниците на булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори“ во Скопје, при подигање на патничко моторно возило „Ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки со специјално возило “пајак”, од страна на Б.А. вербално е нападната полициска службеничка, која била на местото на настанот. Бидејќи Б.А. агресивно се однесувал кон полициската службеничка, биле повикани и други полициски службеници на местото на настанот.“

Прочитајте и:  Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони

Иако МВР засега нема поднесно пријава против Асани тој се соочува со кривично дело напад врз службено лице и прекршочна казна за попречување полицаец во работата во случајот за кој полицијата дополнително ќе утврдува околности и вина.

Асани веќе има една кривична пријава за физичкиот напд врз Тодор Петров, иницијатор за поставување на крст во општината Бутел. Според полицискиот бележник Асани со уште тројца функциоенри на партијата ДУИ физички го нападнале Петров во скопскит ресторан Казабланка.

- Реклама -