Според France Football, Дејвид Бекам во 2012 остварил најголема заработувачка во светот на фудбалот, на сметката на Англичанецот легнале 36 милиони евра.
Благодарејќи на огромните приходи од спонзорски договори, Дејвид Бекам се најде на врвот на 15. издание на студијата Les salaires des stars на реномираниот француски магазин France Football.
Англичанецот во 2012 инкасирал 36 милиони евра, но само 3 милиони евра се од плата и бонуси, а преостанатиот дел им припаѓа на големиот број спонзорски договори.
Втор на листата е Лео Меси, Аргентинецот заработил 35 милиони евра, од кои 13 милиони се од плата и од бонуси, а 22 милиони од спонзорски договори.
На третото место е ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со заработени 30 милиони евра. Од платаи и бонуси, Португалецот инкасирал 13,5 милиони, а од спонзорски договори на сметката на CR7 легнале 16,5 милиони.
Кога се во прашање тренерите, Жозе Мурињо е на врвот со заработени 14 милиони евра.
Карло Анчелоти е на второто место со 12 милиони евра, пред својот сонародник Марчело Липи, кој инкасирал 11 милиони евра.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.