Бекам стрелаше директно од корнер (видео)

ЛА Галакси славеше со 5:2 над тимот на Метапан од Ел Салвадор во рамките од Лигата на шампионите од КОНКАКАФ зоната. Сепак, овој дуел ќе биде запаметен по фантастичниот гол на Дејвид Бекам, којшто во самиот финиш од првото полувреме директно од корнер го погоди десниот горен агол од голот на гостите.

Интересно е што ова беше вкупно 1.000 погодок во историјата на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ зоната и дефинитивно не постоеше подобар начин за да се одбележи тој јубилеј.

{youtube}hqn7b_LrJZ4{/youtube}

- Реклама -