Бејл не е 100% фит за дуелот со Македонија

Селекторот на Велс, Крис Колман вели дека новиот ’Галактико’, Герет Бејл нема да одигра 90 минути на дуелот со Македонија во Скопје.

Герет Бејл завчера го комплетираше светски рекордниот трансфер во Реал Мадрид вреден околу 100 милиони евра, и беше преставен пред фановите на Сантијаго Бернабеу.

Тој потоа веднаш замина за Кардиф, и се приклучи на селекцијата на Велс за квалификациските дуели против Македонија и Србија.

Се очекува играчот веќе утре да тренира со полна пареа, но со оглед на тоа дека поради повреда нема настап скоро два месеци, Герет Бејл нема да може да одигра цел натпревар против Македонија на Арената Филип Втори во петок.

Зборувајќи попладнево на прес конференција, селекторот на Велс, Крис Колман рече: „Доколку не е подготвен нема да ризикуваме, без разлика дали се работи за најскапиот фудбалер во историјата”.

„Свесни сме дека многу луѓе ќе сакаат да го видат, особено на натпревар против Србија кој го играме пред нашите фанови”.

„Но тој нема шанси да одигра 90 миниту во петок или пак во вторник”.

„Бејл малку тренираше во последните шест недели или два месеци. Последната тренинг сесија му беше со нас во пресрет на дуелот со Ирска”.

„Сепак, тој е со нас, ќе тренира па ќе одлучиме каква ќе биде неговата инволвираност”.

„Се сомневам дека ќе биде стартер против Македонија, но сигурно дека може да одигра дел од средбата”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -