Секој почеток има свој шарм и тешко е да се откријат сигналите што упатуваат на пропаст. Следниве десет примери скоро никогаш не водат кон нешто подобро, па најдобро е што порано да ги препознаете и да побегнете од нив. Иако советите се однесуваат за лошо однесување кај мажите, сигналите се алармантни и ако ги препознаете кај некоја жена.
Секој почеток има свој шарм и тешко е да се откријат сигналите што упатуваат на пропаст. Следниве десет примери скоро никогаш не водат кон нешто подобро, па најдобро е што порано да ги препознаете и да побегнете од нив. Иако советите на се однесуваат за лошо однесување кај мажите, сигналите се алармантни и ако ги препознаете кај некоја жена.
Веднаш по запознавањето почнуваат бесконечни разговори по телефон, слатки пораки пред спиење, долги мејлови… И конечно се договарате за кафе, одите на договореното место, чекате 15 минути и… го нема. Ова е момент да се вратите дома и да престанете да комуницирате со него. Не барајте објаснувања, ако навистина имал огромна причина да не дојде (шансите се многу мали) самиот ќе ви каже. Но… Каква и да е причината, не можел ли да се јави или да пише? Не простувајте го извисувањето. Едноставно нема причина.
Најпрво ќе се мурти кога келнерот ќе флертува со вас. Вие си помислувате дека тоа е и малку слатко. Потоа ќе почне нервозно да воздивнува кога некој ќе ве застане да праша колку е часот. Потоа ќе почне детално да ве распрашува за минатите врски и да дава негативни коментари за вашите слободни пријателки кога ве канат да излезете во женско друштво. Кога ќе почне да инситира да доаѓа со вас на сите семејни средби и да ви прави друштво на гинеколог, не гледајте на тоа како на посветеност, туку како на знак на љубомора и потреба да ве контролира. Што порано раскинете, толку помала е веројатноста дека ќе ве следи и ќе ви здодева после тоа. Не ризикувајте и побрзајте.
Човек кој нагло ќе ве повлече за рака, силно ќе ве буцка, ќе ве притисне за рамо за да ве седне, или ќе ве повлече за коса (а не сте во кревет). Сигурно нема да останете со некој кој ќе ви удри шамар, но внимавајте и на предупредувачките знаци што леат во „ситното“ насилство.
Го откажува состанокот затоа што е болен, а кога вие и вашата ќеса портокали се појавувате кај него, тој или не е дома или е со друга девојка. Доволно кажано.
Пре(о)пуштен
Оној кој по само неколку заеднички излегувања мисли дека е во ред комплетно да ви се препушти и да дојде непоканет, да остане да преспие, да ви се придружи на семејниот ручек, па ако живеете сами и да се всели кај вас „на одредено време“. Ова не значи дека сте му сродна душа, туку дека по секоја цена сака некој да се грижи за него или да создаде инстант „сериозна“ врска. Вам, се надеваме, тоа не ви е потребно.
Можеби полош од изневерувачот, овој човек смао што излегол од врска каде тој бил жртвата, а девојката комплетно го повредила. Ако останете со него, вие сте следната жртва! Ќе мора да ги поднесувате неговите изливи на бес, да му полагате сметка за смешни нешта, постојано да се правдате иако не сте сториле ништо лошо…
Нема да се потруди да се здружи со вашите другарки, бидејќи едноставно не гледа причина да излегувате со нив, кога можете да бидете со него. Нема да ви дава комплименти, но редовно ќе си дава себеси на глас. Ќе ве преморува со прашања за неговиот беспрекорен изглед и ќе се жали секогаш кога нема да се согласите со него.
Кога ќе постигнете успех, нема да се радува со вас, туку надолго ќе ви ги објасни лошите страни на вашето унапредување/стипендија/награда… Постојано користи деминутив за да ја опише вашата „работичка“ и ќе направи сè за да ве претвори во негов маченик.
Платонски
На првиот состанок нема ни да се обиде да ве бакне. По некоја недела се држите за рака, но не добивате повеќе од еден бакнеж. По некој месец добивате букети рози, но не и страст. Изненадувачки голем број мажи ќе бидат нежни и внимателни, но и ќе имаат загрижувачки мал интерес за секс. По подолго време апстинирање по негова желба ќе се најдете во ситуација да се расправате за ситници, при што тој повеќе внимание ќе обрнува на начинот на кој ја комбинирате облеката, отколку на тоа како изгледате без неа.
Совршено среќен
Мајка му била совршена, татко му бил совршен, неговите седум браќа и сестри се совршени, имал совршено детство… Ако толку често го повторува тоа, тогаш се обидува да се убеди себеси, а не вас. Ако има потреба да се самозалажува, оставете да го прави тоа без вас.