Беџети на прес: Заев му барал да влијае за смена на претседател на суд, Шилегов му нудел компромис за платформите на Матка

Едногласната одлука на Антикорупциска за покренување на иницијатива за кривично гонење на градоначалникот на Сарај – Блерим Беџети, стигнала како еден вид на освета, само две недели откако тој наводно одбил барање од Зоран Заев да изврши притисок врз одредени членови на Судскиот совет со цел смена на еден претседател на суд, соопшти Беџети денеска на прес-конференција. Според Беџети, на 17 јули Заев му се јавил и побарал да му помогне претседателот на судот да биде сменет најдоцна до септември.

Беџети тврди дека ова е само дел од политичкиот притисок кој се правел врз него. Тврди и дека Заев од него барал да ги поништи легализациите за дивите платформи на Матка, и притоа му ја испратил својата документација преку својот возач. Тврди дека истото од него го барал и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, но со тоа што да урне само една од трите платформи и со тоа работата да биде завршена. Повеќе детали на „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

- Реклама -