Вимавајте што зборувате: Бебињата слушаат и ги паметат зборовите уште во стомакот

Учењето на јазикот не почнува со раѓањето, туку уште во стомакот.

Јазикот се учи уште во стомакот, покажа студија на финскиот Универзитет во Хелсинки. Бебињата пред раѓањето ги слушаат и ги паметат зборовите што родителите ги повторуваат, па по доаѓањето на свет знаат како зборуваат сите членови на семејството.

bebe

Тие памтат звукови и покрај тоа што мозокот на фетусот се уште се развива. Научниците им пуштале на неродените бебиња збор од три слога „татата“, а во истражувањето учествувале 33 трудници во 29. недела од бременоста па се до породувањето. По раѓањето ја тестирале реакцијата на бебињата на истиот збор снимајќи го мозокот.

Бебињата кои редовно го слушале зборот лесно го препознале како и најмалите промени во неговиот изговор за разлика од оние бебиња кои првпат го слушаат. Таквиот вид на учење на јазикот почнува во доцниот стадиум на бременоста, а бебињата слушаат звукови и зборови околу петтиот месец, потврдило истражувањето.

kissing20pregnant20belly

„Ова е совршена прилика за родителите. Бебињата учат и слушаат и во текот на бременоста па на родителите им се препорачува постојано да им зборуваат“, истакнала професорката Мина Хутилајнен, водич на истражувањето.

- Реклама -