Бебел Жилберто в петок го затвора OFFEST

color-bebel-photo-1_ppХотел со базен, голема луксузна лимузина со која ќе патува до својата
следна дестинација Белград, гардероба со миризливи стапчиња, бели
цвеќиња и амбиентално осветлување, сместување за личниот асистент и
физиотерапевтот – ова се само дел од барањата за престојот в Скопје на
бразилската пеачка Бебел Жилберто која в петок го затвора шестото
издание на „Офф фест“.


color_bebel_photo_1Хотел со базен, голема луксузна лимузина со која ќе патува до својата следна дестинација Белград, гардероба со миризливи стапчиња, бели цвеќиња и амбиентално осветлување, сместување за личниот асистент и физиотерапевтот – ова се само дел од барањата за престојот в Скопје на бразилската пеачка Бебел Жилберто која в петок го затвора шестото издание на „Офф фест“.

Барањата се несекојдневни за скромна личност за каква што ја сметаат Жилберто – велат од организацијата на „Офф фест“, но тоа најверојатно се должи на нејзината неодамнешна повреда на глуждот на излезот од познат њујоршки клуб. Ексклузивните барања кои не биле предвидени во договорот не го поколебаа организаторот новата кралица на боса новата Бебел Жилберто и „Форо Ин Д Дарк“ да ја презентираат пред скопската публика синтезата на електорониката со самбата и попот од нејзиниот трет соло албум „Моменто“.
 
„Овој албум наречен ’Моменто’ содржи многу моменти од мојот живот. Секогаш постои моментот кога си сама во хотел пишувајќи песни за политичко лидерство или зошто очекуваш толку многу од моментите кои допрва ќе дојдат или тие од минатиот“ – вели Бебел Жилберто во својот документарец насловен „Моменто“.
 
Специфични но сепак поскромни барања имале и ѕвездите од „Готан Проџект“, кои со својот феноменален настап го отворија „Офф фест“. Триото од Париз покрај техничките барања за изгледот на сцената, сакале и одреден број различни вина, канцеларија и ресторан зад сцената. 

виа.

- Реклама -