Базел ќе биде домаќин на Евросонг 2025

Следното издание на Евровизија ќе се одржи во швајцарскиот град Базел во мај 2025. Базел беше избран откако го победи главниот конкурент Женева. Швајцарија третпат ќе биде домаќин на Евровизија, по 1956 и 1988, благодарение на победата на Немо на натпреварувањето во Малме. Градските власти на Базел кажаа дека настанот ќе се одржи во салата „Санкт Јакобсхале“, која може да прими 12.000 луѓе. Финалната вечер е на 12 мај. Црна Гора објави дека се враќа на Евровизија, но засега не е познат ставот на Македонија, која ги пропушти последните две изданија.
Извор