Експертите неодамна потврдија дека бавното јадење и џвакање на храната повеќе пати навистина ни помага да јадеме помалку.
Истражување утврдило дека бавното јадење со помали залаци нè тера да се чувствуваме помалку гладни по еден час, отколку ако се најадеме како волци. Луѓето кои јадат бавно, исто така пијат повеќе течности, што им помага да се чувствуваат сити.
Научниците од Христијанскиот универзитет во Тексас ја истражувале врската помеѓу брзото јадење и внесот на калории. Тие набљудувале како брзината на јадењето влијае на консумирањето калории. Била спроведена анкета меѓу доброволци за чувството за глад и ситост пред и по брзото или бавното јадење и колкаво количество вода внеле за време на секое едно јадење.
За време на бавното јадење волонтерите морале да си замислат дека немаат грижи за времето, да ја јадат храната во мали залаци, да џвакаат темелно, да прават паузи и да ја оставаат лажицата на масата меѓу залаците. При брзото јадење тие требало да замислат дека немаат време и затиа да јадат големи залаци, да џвакаат брзо и без паузи.
Резултатите покажале дека луѓето кои јадат бавно, примиле во просек по 88 калории помалку отколку брзојадците. Луѓето со прекумерна тежина примиле 58 калории помалку. Можно е овие резултати да се должат на фактот дека луѓето со прекумерна тежина јаделе помалку за време на истражувањето поради различни причини. Сепак се почувствувал слаб глад еден час по јадењето кај оние кои јаделе брзо.
Луѓето кои јаделе бавно, пиеле повеќе вода додека се хранеле (350мл за разлика од 250мл), што помага за чувството на ситост и штити од прејадување.