Бауер за РТЦГ: Реална е опасноста Русија да нападне членка на НАТО, подобро да се подготвиме за војна

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер денеска изјави дека постои реална опасност Русија да нападне членка на Алијансата.

Според него, амбициите на Москва нема да запрат на границите на Украина

– Затоа е важно тие да не победат во оваа војна и да ја запреме таа амбиција. Мораме да се подготвиме за самоодбрана. Ако сте подготвени за војна, шансите да го зачувате мирот се многу поголеми отколку ако не го направите тоа. Не велам дека тоа ќе се случи утре, но мора подобро да се подготвиме за војна со Русија, рече Бауер во интервју за Радио-телевизија Црна Гора.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
- Реклама -