Барселона со нови повредени играчи


Уште еден фудбалер на Барселона се повреди и го чека подолга пауза од фудбалските терени. Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените околу три недели, откако ги повреди препоните на тренингот со репрезентацијата на Шпанија до 21 година,

21-годишниот Фермин беше дел од сениорскиот тим на Шпанија кој ова лето стана европски шампион, а потоа играше за олимпискиот тим кој ја освои титулата во Париз.

Фудбалерот на каталонскиот гигант се повреда на тренинг пред квалификациските дуели со Шкотска и Унгарија, по што се врати во Барселона на дополнителни прегледи.

Фермин е седмиот фудбалер на Барселона кој е надвор од теренот, приклучувајќи им се на листата повредени на Роналд Араухо, Андреас Кристенсен, Френки де Јонг, Гави, Марк Бернали и Ансу Фати.

- Реклама -