Барселона нема постигнато гол од слободен удар од Меси наваму

Барселона нема постигнато директен гол од слободен удар во последните две години, објави „АС“.

Каталонците последен пат постигнаа гол од слободен удар на 2 мај 2021 година. Автор на постигнатиот гол беше аргентинскиот екс напаѓач на тимот Лионел Меси.

Меси моментално игра за ПСЖ. Актуелниот договор на 35-годишниот играч со парижаните е со важност до летото 2023 година.

Меси оваа сезона настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.

МИА

- Реклама -