
До убедливата победа Каталонците ги предводеа Рафиња, Ламине Јамал, Фермин Лопез и Ентони Гордон, додека единствениот гол за гостите го постигна Маријано Дијаз. Со убедлива победа Барселона одговори на поразите во дуелите со ПСЖ и во Лигата на шампионите и Реал во Ла Лига.
Со оваа победа Барселона се врати на челната позиција во Ла Лига.
Барселона стигна до 30 бода, второпласираниот Атлетико Мадрид има 28, додека Реал Мадрид е трет со 24 бода и натпревар помалку. Алавес остана на десеттото место на табелата со 12 бода.
Наредниот викенд Барселона ќе му гостува на Атлетико во Мадрид.



