Барса ќе купува дефанзивец од Премиерлигата

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека шест дефанзивци од Премиерлигата се на листата со желби на Барса, Давид Луиз е топ трансфер цел.

Новиот тренер на ’Каталонците’, ’Тата’ Мартино имал средба со лидерите на Барселона на која било договорено дека ангажман на нов централен дефанзивец е приоритет.

Стратегот веќе креирал листа со желби, на која има шест дефанзивци од Премиерлигата.

Давид Луиз од Челзи е топ трансфер целта, но преговорите ќе бидат тешки бидејќи Жозе Мурињо не сака да го продаде Бразилецот.

Како втора алтернатива е идентификуван Даниел Агер од Ливерпул, кој и минатото лето се поврзуваше со преселба на Камп Ноу.

На листата со желби исто така се наоѓаат Винсент Компани од Манчестер Сити, Јан Вертонген од Тотенхем, како и дуото на Арсенал, Томас Вермален и Лорен Кошчелни.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -