Барселона и Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето

Барса поради гол повеќе во гости го елиминираше ПСЖ и се пласираше во полуфиналето, Баерн Минхен уште еднаш надмоќен над Јувентус.

Барселона и ПСЖ одиграа без победник 1-1, поради гол повеќе на гостински терен, Каталонците се пласираа во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

ПСЖ одигра одличен натпревар и беше блиску до изненадување, но тимот на Анчелоти не искористи неколку идеални шанси, а така тешко може да се помине Барса.

Барселона имаше добар финиш на натпреварот, но во најголемиот дел од дуелот беше под своето ниво.

Во првото полувреме, ПСЖ по контра напади создадоа неколку шанси за гол кои не успеаа да ги реализираат.

Но по пет минути игра во второто полувреме, Пасторе реализираше за водство на ПСЖ од 1-0.

Брзо потоа францускиот тим имаше уште една огромна шанса за гол, но Пасторе беше себичен и можноста пропадна.

Тито Виланова во игра го внесе Меси и играта на Барса доби нов тек.

По една убава акција во која главната работа за заврши Меси, Виља асистираше до Педро кој погоди за израмнување на 1-1.

Прочитајте и:  Градоначалникот на Барселона планира укинување на директното изнајмување станови на туристи

По примениот гол играта на ПСЖ падна, желбата беше присутна, но играчите на Анчелоти немаа сили за нов погодок.

На крајот Барса се радуваше на пласман во уште едно полуфинале од Лигата на Шампионите.

Баерн Минхен уште еднаш го победи Јувентус со 2-0, овој пат во Торино.

Баварците уште еднаш покажаа дека се значително подобар тим од италијанскиот шампион.

Јувентус немаше идеја како да дојде до погодок, имаше неколку обиди за гол, но не одигра на потребното ниво за да го совлада Баерн.

Баварците не доминираа како во Минхен, но имаа тотална контрола на натпреварот.

Во 64. минута Буфон ја одби топката по удар на Хави Мартинез, таа дојде до Манџукиќ кој погоди за водство од 1-0.

Победата ја завери Пизаро со погодок во 91. минута.

Два шпански и два германски тима ќе се борат за големиот трофеј, ждрепката за полуфиналето е во петок.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -