Гламурозната Барби ретко кој би можел да ја замисли без испеглана коса, перфектна шминка и блескава насмевка. Сепак, и тоа е можно.
Уметникот Еди Агвајер бил премногу заинтересиран да дознае како култната Барби би изгледала како штотуку разбудена тинејџерка со фиксна протеза, без шминка, со мрсно лице, бубулици и подочници.