Барајќи ја смислата во бесмислата

Повеќе...

"Експертите" за летечките чинии гледаат Марсовци, верниците ја  гледаат Богородица во сенките на ѕидот, оние кои се занимаваат со паранормалното слушаат мртовци како им се обраќаат преку радио. Приврзаниците на теоријата на заговор мислат дека зад терористичките напади на 9.11. стои администрацијата на тогашниот претседател Џорџ Буш. Има ли причина зошто луѓево веруваат во сите овие работи?


halucinacija2.jpg

"Експертите" за летечките чинии гледаат Марсовци, верниците ја  гледаат Богородица во сенките на ѕидот, оние кои се занимаваат со паранормалното слушаат мртовци како им се обраќаат преку радио. Приврзаниците на теоријата на заговор мислат дека зад терористичките напади на 9.11. стои администрацијата на тогашниот претседател Џорџ Буш. Има ли причина зошто луѓево веруваат во сите овие работи?
Научниците потврдуваат дека постои "тенденција кај луѓето да наоѓаат смислени шеми во бесмислените случаеви". Причината зошто на луѓето им се гледаат лица во талогот од кафе во филџанот, гледаат човечки фигури на прозорците, слушаат гласови во звуците од електронските направи или бараат теорија на заговор во дневните вести, најверојатно лежи во "првиот ефект", односно кога нашиот мозок и сетила се однапред спремни да ги толкуваат настаните според очекуваниот модел, односно тоа што потсвесно сакаме да го видиме или чуеме. 
Научниците оваа шема ја оцениле како погрешна и ја класифицирале во типови. Првиот тип или лажно позитивната грешка е лицето да верува дека нешто што не постои е вистинско. Ова уште се вика и изнаоѓање на непостоечки шеми. Вториот тип или лажно негативна грешка значи да не се верува во нешто што навистина постои. Ова се однесува на непрепознавање на вистинските шеми. Луѓето за жал немаат детектор во мозокот за препознавање на лажните од вистинските шеми. 

halucinacija1.jpg

Биологот Хана Коко од Универзитетот во Хелсинки и Кевин Фостер од Харвард заклучиле дека кога верувањето лажната шема да е вистинска е помало од неверувањето во вистинските шеми, природната селекција ќе го наметне она што потсвестно сакаме да го видиме или чуеме. Ако, на пример, веруваме дека шушкањето во грмушките потекнува од животни, а не од ветер, тоа и не би не чинело многу, но ако пак веруваме дека тоа е само ветер, е тоа може да не чини и живот. Проблемот е што луѓето многу лошо ја проценуваат таквата веројатност, но реално ризикот е помал ако веруваме дека ветерот е некое грабливо животно одошто спротивно.
Извесно е што мора да постои практична селекција во верувањето дека повеќе од шемите се вистински. Земајќи ги во предвид додатните стимуланси (ветерот и шушкањето на лисјата) се доаѓа до заклучок дека неспособноста на индивидуата (човечка или било која друга) да ја именува причината за настаните околу нив, често ја присилува истата да ги поврзе причинските асоцијации со беспричинските.  
Јасно е еволутивното објаснување за суеверието – природната селекција пред сè ќе избере стратегија за правење мноштвo неточни причински асоцијации, со цел да ги установи оние кои се суштински за преживување и репродукција. Значењето на ваквите шеми е дека луѓето веруваат во "чудни работи" заради нашите еволутивни потреби да веруваме во обични работи, заклучиле научниците.

- Реклама -