Уличниот уметник Banksy се уште е активен на палестинска територија, а со последното дело, со политичка порака како и секогаш, се фокусира на претстојните новогодишни и пред се Божиќни празници.
Како продолжение на серијата мурали што ги наслика долж бариерата што го одделува Израел од палестинската Вест Банк, овој најновиот е позициониран во Витлеем – значајна локација во контекст на Божиќ, насловен „The Alternativity“. Првата половина од муралот го истражува значењето на „мирот’ во модерниот свет. Втората прикажува два ангела што се обидуваат да пробијат преку „големиот ѕид“. Како и неговиот претходен храбар проект со „Затворениот хотел“, и ова дело постои со цел да се исправи против сегрегацијата меѓу Израелците и Палестинците. Погледнете го во продолжение: